ХБТ ГРУП е новоотворена македонска компанија формирана во Неготино која работи на проектирање и изведба на електрични инсталации за станбен и индустриски простор, како и со монтажа, одржување и сервисирање на клима уреди, разладни постројки и бела техника.
Од самиот почеток на нашето дејствување сме овластен дистрибутер на линијата на клима уреди од продажната мрежа на Сетек.
Нашиот тим е составен од висококвалификуван кадар со долгогодишно работно искуство во индустријата. Овластени сме за изведба на електрични инсталации од Комората на Република Македонија.
Ве очекуваме за соработка!
ХБТ ГРУП е компанија која работи во областа на електричните инсталации. Работиме со проектирање и изведба на инсталации во станбен, деловен и индустриски простор.
Вршиме квалитетна монтажа на секаков вид на клима уреди за Вашиот дом или канцеларија.
ХБТ ГРУП е овластен сервисер на сите клима уреди купени од продажната мрежа на Сетек. Дополнително, Вршиме монтажа и сервисирање на секаква бела техника.
Нашата компанија Ви нуди одржување и сервисирање на сите видови на разладни постројки чилери) во стандардни и индустриски услови. Стапете во контакт со нас за повеќе информации.
Работните задачи кои што требаше да ги изврши ХБТ ГРУП во Винаријата (откривање на дефектот на чилери за ладење и нивно ремонтирање, како и редовна контрола и сервисирање на
коморите за ладење) се извршени во предвидениот рок и со голема професионалност од нивна страна. Вработените во фирмата извршувањето на работните задачи го направија со голема
стручност и дисциплина.
Ќе ни биде задоволство доколку и Вие ги одберете како фирма за деловна соработка.
Работните задачи за кои што беа ангажирани (поправка и сервисирање на клима уреди во деловни простории и фарбара, проектирање и оддржување на ел. инсталација, како и успешна соработка
при работа на наши проекти со други деловни партнери) се извршени во предвидениот рок и со голема професионалност и дисциплина.
За нашите потреби би ги ангажирале повторно, а искрено ги препорачуваме и кај други наши клиенти.
Компанијата „Пуклавец Фемили Вајнс ДООЕЛ“, Д. Дисан - Неготино е задоволна од услугите и деловната соработка со ХБТ ГРУП.
Работните задачи ги извршуваат совесно, навремено и одговорно и поради тоа доверено им е целосното оддржување
на разладната опрема во винаријата.
Можеме да им дадеме најдобра препорака за идни работни задачи и проекти.
ДПТУ „ЕВРО-МАК“ во изминатите неколку години инвестираше во климатизација и нова електрична инсталација.
За овие активности беше ангажирана ХБТ ГРУП која беспрекорно, стручно и во предвидениот рок ги заврши договорените работи. Затоа ХБТ ГРУП е ангажирана и во понатамошниот период
да врши сервисирање и одржување на целокупната опрема во нашите простории.
Доколку имате потреба од вакви или слични активности одберете стручност, одберете ја ХБТ ГРУП.
ХБТ ГРУП се наоѓа на адреса:
ул. „Киро Крстев“ бр. 1, 1440 Неготино, Македонија.
Работно време:
Понеделник - Сабота
09:00 - 17:00 часот